Бразилецот Артур Мело дефинитивно ја напушта Барселона по завршувањето на сезоната и се сели во Торино. Тој потпиша петгодишен договор со италијанскиот првак Јувентус. „Старата дама“ за него ќе плати 70 милиони евра, но всушност ќе се случи размена во која Миралем Пјаниќ ќе замине на „Камп Ноу“.
Артур по мечот на Барселона во Виго со приватен авион замина во Торино, ги изврши медицинските прегледи и стави потпис за верност кон Јувентус. Во наредните пет сезони ќе го носи дресот на Јуве, а ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона.
Во наредниот период зделката ќе биде комплетирана и со заминувањето на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ во спротивна насока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА