Артуро Видал се договори со Интер

Артуро Видал и Интер се договориле за трансфер на играчот на Барселона со договор од две сезони, со опција за уште една дополнителна сезона и со вредност од шест милиони евра годишно. Италијанската  „Gazzetta dello Sport“ тврди дека преговорите меѓи играчот и клубот се комплетирани.

Агентот на Чилеанецот веќе контактирал со Барселона за да биде забрзани потребните процедури за да може да биде потпишан договорот со Интер. Италијанскиот клуб се согласил да му ја дава на Видал истата плата како и Барселона доколку успее да се ослободи од „каталонскиот тим„ за без пари.

Чилеанецот има уште една година од договорот со Барселона и воопшто не е во плановите на Куман за следната сезона, но клубот секако сака да заработи пари од него. Сепак се чекува Барселона да излезе во пресрет со оглед на тоа дека сака да одржи добри реалции со Интер од каде сака да го купи Лаутаро Мартинез.

 

 

Се вчитува...