АС: Лука Модриќ останува во Реал Мадрид!

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ останува во Реал Мадрид, објави шпански АС. Иако со денови се поврзува со Интер, како што тврди АС, тој денеска по средбата со Флорентино Перез и дефинитивно одлучил да остане во Реал.

„Лука одлучи… Останува. Него го раздрма понудата од Интер кој му нудеше четири години во Милано и уште две години во Кина, но од извори блиски на Модриќ дознаваме дека по разговорот со семејството одлучил да остане во Реал “ – тврди АС.

Во Реал Мадрид заработува шест и пол милиони евра по сезона, додека Интер му нудеше 10 милиони евра и договор на шест години. Во Реал има само уште две години важечки договор. Но, од „кралскиот клуб“ сега се подготвени да му ја зголемат платата и да ја донесат на ниво од Герет Бејл и Серхио Рамос кои имаат по 11 милиони евра.

Се вчитува...