АС: Медведев може да биде исфрлен од сите турнири поради инвазијата на Русија врз Украина

Првиот тенисер на светот, Данил Медведев од Русија, би можел да биде исфрлен од сите тениски турнири, вклучувајќи ги и Гренд Слемовите. Ова го јавува тиражниот „АС“, потпирајќи се на барањето на претседателот на тенискиот сојуз на Украина Сава Кевлич ИТФ да ги исфрли сите руски тенисери и тенисерски од сите натпреварувања.

Минатата недела Интернационалната тениска федерација ги откажа сите турнири во Русија и Белорусија, а наводно предлогот да се исфрлат и тенисерите се разгледува. Медведев и неговиот колега Андреј Рубљов испратија антивоени пораки пред неколку дена.

Медведев ја осуди инвазијата на Русија врз Украина.

„Да гледате вести за војна и да се биде тука во Мексико не е лесно. Како тенисер сакам да го промовирам мирот во светот. Играме во толку различни земји и бев во многу држави и како јуниор и професионалец. Не е лесно да се слушаат такви вести. Јас сум за мир“, рече Русинот.

Се вчитува...