Асенал донесе лев бек од Бенфика

Арсенал се засили на бековската позиција откако лондонскиот премиерлигаш денеска го комплетираше трансферот на Нуњо Тавареш. Станува збор за 21-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Бенфика и настапува на позицијата лев бек, каде ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе се обиде да се наметне кај менаџерот Микел Артета.

Тавареш е младински репрезентативец на Португалија кој во изминатите две сезони одигра 25 средби за Бенфика, а неговиот трансфер ќе ги чини „топчиите“ почетни осум милиони фунти.

„Му посакуваме добредојде на Нуњо во клубот. Тој е млад играч со огромен потнцијал, кој брзо се развиваше во дресот на Бенфика, а своите квалитети ги пкажа и во младинската репрезентација на Португалија. Тој ќе ни даде дополнителна опција во одбраната, особено со енергијата што ја вложува секогаш кога е на теренот“, изјави Микел Артета.

Се вчитува...