Асенсио го одбил Милан и потпишува нов договор со Реал

Се поголема е веројатноста дека Марко Асенсио ова лето ќе го напушти Реал Мадрид. Шпанскиот играч за врска не е задоволен од својот статус во редовите на „кралскиот тим“, а со оглед на тоа што договорот му истекува во 2023 година, за да се избегнaт 26-годишникот да замине без обесштетување Шпанците ќе мораат да ги „отворат вратите“.

За неговите услуги најголем интерес покажува Милан кој веќе и стапил во контакт со менаџерот, но тој ја одбил првата понуда на италијанскиот состав, пренесуваат шпанските медиуми. Причината за истото е платата од 5 милиони евра која и покрај тоа што е поголема од неговите моментални примања во Реал Мадрид (4.5 милиони евра) е премала за преселба.

Во меѓувреме се појави информацијата дека Реал Мадрид излегол со подобра понуда, и му нуди 4 годишен договор со плата од 7 милиони евра годишно, што најверојатно ќе биде прифатена, и големи се шансите да остане на „Сантијаго Бернабе“.

Aсенсио е дел од Реал Мадрид од 2015 година кога за 3.9 милиони евра оствари трансфер од Мајорка. Оваа сезона одигра 37 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 11 гола, а додаде и една асистенција.

Се вчитува...