Асенсио ја продолжи серијата – гол на дебито во секое натпреварување

Марко Асенсио влезе во игра во второто полувреме на „Камп ноу“ и со фантастичен погодок стави печат на големата победа на „кралскиот клуб“ среде Каталонија. Воедно, младиот офанзивец со тоа си ја продолжи и фантастичната серија од погодоци на деби средбите во сите натпреварувања во кои учествувал во дресот на Реал Мадрид.

Имено, Асенсио се запиша меѓу стрелците на својот прв дуел од Суперкупот на Европа, минатото лето против Севилја. На дебито во Примера во дресот на Реал тој постигна гол на гостувањето против Реал Сосиедад, а беше стрелец и на првиот натпревар одигран во ЛШ, на „Сантијаго Бернабеу“ против Легија Варшава. Воедно, тој го круниса со гол и своето деби во Копа дел реј, против Културал Леонеса, за синоќа да постигне погодок и на првиот меч што го одигра во рамките од Суперкупот на Шпанија.

Извонредна најава за фантастична кариера на овој суперталентиран фудбалер.

Се вчитува...