„Асенсио ќе дојде во ПСЖ само поради тие 8 милиони и да се слика со Ајфеловата кула“

Марко Асенсио во следните неколку дена ќе треба да го комплетира својот трансфер во ПСЖ. Шпанецот во Париз би дошол како слободен играч, и неговата плата би била околу 8 милиони евра годишно. Иако беше блиску до Астон Вила, сепак, понудата од ПСЖ го премисли и тој ќе се сели во францускиот главен град.

Поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен, кој има доста критики кон тимот, не „штедеше“ критики и на адреса на Асенсио, а пред се на раководството.

„Ми се допаѓа како играч, но ако дојде во ПСЖ не доаѓа поради вистинските причини. Облекувањето на дресот на ПСЖ или на Челси не го интересира, тој тоа не го чувствува. Тој доаѓа само за оние осум милиони евра. Слободен играч е, секако дека е интересен, но не треба да дојде само поради финансискиот аспект“, рече Ротен.

Тој го спореди Асенсио со Јулијан Дракслер кој имаше огромна плата, а не одигра ништо во дресот на ПСЖ.

„На спортски план малку е големи клубови кои му нудат договор. Методот на носење на нови играчи во ПСЖ не е добра, треба еден поинаков проект. Дали Асенсио ќе се прилагоди во Париз? Не зна,… Со ова темпо ќе отиде да се слика со Ајфеловата кула и потоа ќе ќе одигра неколку меча, и ќе биде повреден. Се надевам дека ќе мине подобро од Дракслер, но тоа е ризик“, изјави Ротен.

Се вчитува...