Асенсио не мрда од Реал Мадрид

Марко Асенсио и во наредната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, откако младиот офанзивец му наложил на својот агент воопшто да не ги разгледува понудите што ќе пристигнат на негова адреса. Асенсио за време на мундијалот одби да даде конкретен коментар за својата иднина по понудата од Ливерпул, но агентот Хорацио Галјоли јасно стави до знаење дека иднината на шпанскиот ас е на „Сантијаго Бернабеу“.

Марко не мрда од Реал Мадрид. Никогаш немаше ниту сомнеж на оваа тема, но тој не сакаше да разговара на оваа тема за фокусот да остане на мундијалот, а не на клупските обврски. Знае дека наредната сезона ќе биде многу важна за него, сака да игра повеќе, но верува дека таа поголема минутажа ќе ја добие во Мадрид“ – изјави Галјоли за шпанските медиуми.

Една од главните причини за ваквиот став на Асенсио е доаѓањето на Хулен Лопетеги за нов тренер на „кралевите“, бидејќи станува збор за стратег кој има голема доверба во младиот фудбалер, кој под негово водство и дебитираше за сениорскиот тим на „црвената фурија“.

Се вчитува...