Ашаданов го соопшти списокот на репрезентативки за квалификациските дуели против Португалија и против Србија

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Александар Ашаданов го објави поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета за дуелите со Португалија и со Србија на стартот од новиот циклус од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

„Работната есен“ за најдобрите македонски кошаркарки ќе стартува на почетокот на следната седмица, како за оние кои играат надовор од границите на Македонија, така и за оние кошаркарки кои се дел од домашниот шампионат.

Со оглед на обврските кои ги имаат најголем дел од кошаркарките кои настапуваат во странство, првиот собир селекторот Ашаданов го закажа за 6. ноември. Во салата на СЦ „Кале “ се предвидени два тренинзи, а веќе наредниот ден, следува патување за Порто, а понатаму до Матошинос, каде го играме натпреварот против селекцијата на Португалија.

На португалско тло се планирани уште два тренинга, пред мечот со домашната репрезентација кој е закажан да се игра на 9. ноември, (од 20.30 часот).

Три дена подоцна, на 12. ноември, во Скопје (од 18 часот во салата на СРЦ „Кале“), Македонија ќе ја пречека една од најквалитетните европски селекции – Србија.

ПОШИРОК СПИСОК НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НОЕМВРИСКИ ПРОЗОРЕЦ НА ФИБА 2023

Анџелика Митрашиновиќ         Пештански Цајки (Словачка)

Тијана Митрева     Акронос Монкалиери (Италија)

Матеа Николиќ     Пасаласка Рагуса (Италија)

Ивона Кожобашиовска  Виртус Каљари (Италија)

Александра Стојановска           Кортегада (Шпанија)

Нена Трајчевска    ЦБ Архил (Шпанија)

Мерит Хемпе         Валенсија (Шпанија)

Милица Николиќ Вебас (Србија)

Ивана Кметовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Катерина Поп-Димитрова        Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Елена Тасевска      Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Сања Адамовска  Баскет Кам 2011 – М. Каменица

Илина Селцова      Вардар – Скопје

Ања Начевска        Вардар – Скопје

Марија Димитријевиќ    Вардар – Скопје

Клементина Модева       Струга 2009

Михаела Алексовска      Крива Паланка

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Александар Ашаданов

Асистент-тренер: Атанас Димов

Асистент-тренер: Јелена Антиќ

Се вчитува...