Ашаданов: Мора да бидеме самокритични, ако сакаме да бидеме во европски ранг

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз ги стартуваше квалификациите за Евробаскетот 2023 година. Имавме одлично прво полувреме во Хале, и водство (30:26).

Но и сериозен пад во играта во второто, во кое фаворизираниот тим на Германија ги казни сите грешки на нашата селекција за да направи пресврт и да победи. На крјаот и со преубедливи (74:41) во првиот меч во кој Александар Ашаданов беше на кормилото на нашата најдобра женска селекција.

„Неблагодарно е доколку кажам дека не сум задоволен од желбата на овие девојки кои го оставија срцето на терен во првото полувреме. Хендикепот под кошевите (26 офанзивни скока на пеотивникот) и физичката (не)подготвеност го даде своето во второто полувреме. Сепак нема место за алиби. Кошарката е игра која се игра 40 минути и доколку сакаме да сме во рангот со најдобрите ќе мораме да бидеме самокритични. Евидентен беше недостатокот, особено во рекетот, на Бонер и на Кметовска, но одиме понатаму. Се надевам дека ќе можеме да сметаме на нив за мечот во недела, против БиХ“- искоментира Ашаданов по првите 40.минути од квалификациите за Европскито шампионат.

Се вчитува...