Ашаданов: Очекуван пораз од Србија, но презадоволен сум од борбата на кошаркарките

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз во квалификациите за Европското првенство 2025 година, откако вечерва очекувано беше поразена на домашен терен од големиот фаворит Србија со 60-103.

Селекторот Александар Ашаданов по мечот изјави дека и покрај големиот пораз задоволен е од тоа како одиграле неговите кошаркарки на мечот против големиот фаворит.

„Најпрво, честитки за ривалот… Несомнено, квалитетот на екипата на Србија која е доста висок, го покажа во овој циклус на првите два меча, и вечерва против нас и пред некој ден, против Украина. Истовремено, сакам да им се заблагодарам и на кошаркарките затоа што без разлика на резултатот, се бореа од почеток до крај. Иако уште од стартот на мечот бевме во минус од дваесет поени, сите кои беа на терен играа максимално и прикажаа борбеност. Би сакала да им честитам на Србинките за победата. Очекувавме ваква игра и ваков натпревар, затоа што, сепак, Србија е репрезентација со поголем квалитет од нас. Се надеваме на подобри резултати во иднина. Нашите цели остануваат исти како и на почетокот од овие квалификации. Да се обидеме да направиме некоја победа, тоа ќе биде сатисфакција за вложениот труд. Извесно е дека ни треба повеќе време да бидеме заедно, и да ја унапредиме нашата игра зе мечевите кои следуваат во иднина“.

Се вчитува...