Ашковски двоен стрелец за Фортуна Ситард

Македонскиот фудбалски интернационалец Стефан Ашковски имаше одлично издание за својот тим Фортуна Ситард во Втората лига на Холандија. Тој беше стрелец на двата гола во триумфот од 2-1 против Алмере, во рамките на третото коло од новиот шампионат.

Ашковски го отвори резултатот во четвртата минута, а својот втор гол го постигна во 43.минута од натпреварот. Нашиот повремен репрезентативец одигра 70 минути на овој меч и по три натпревари веќе има постигнато три гола во новата сезона.

Се вчитува...