Ашковски: Ние сме сплотени како едно семејство, не им се плашиме на Роналдо и Португалија

Македонија е на победа од пласман на Светското првенство 2022 во Катар откако во полуфиналето од баражот за пласман на истото славеше со 1-0 над европскиот шампион Италија сред Палермо.

За Македонија сега следува нов голем предизвик, Кристијано Роналдо и компанија во Португалија.

Стефан Ашковски, кој влезе од клупата за резерви на дуелот против Италија, по историскиот подвиг во Палермо даде свој коментар за дуелот со Португалија.

„Ова е лудило што ни успеа во Палермо. Португалија е силна репрезентација, но и ние имаме одличен тим. Мислам дека тоа е натпревар со отворен резултат, не сме сигурни ‘жртви’ за Португалците. Ќе видиме како ќе се одвива играта. Не се плашиме од никого, дури ни од Кристијано Роналдо и од ѕвездите на Португалија. Ние сме едно сплотено семејство, обединета група, мислам дека оттаму доаѓа нашата сила. Сега сакаме добро да закрепнеме, бидејќи се вложија огромни напори, а имаме уште неколку дена да се подготвиме соодветно за овој важен решавачки натпревар“, изјави Стефан.

За потсетување, во вторник македонската репрезентација ќе истрча на „Драгао“ во Порто и ќе се надигрува со Португалија за пласман на своето прво Светско првенство.

Се вчитува...