Ашковски ослободен од обврските од Славија Софија

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ашковски ја завршува соработката со бугарскиот прволигаш Славија Софија.

27-годишниот Ашковски кој пред една година од холандска Фортуна Ситард се пресели во Славија, не доби соодветна минутажа во редовите на бугарскиот тим па сега повторно ја менува средината.

Ашковски е поранешен фудбалер на Шкендија, белградски Партизан, турскиот Ерчијеспор како и полскиот прволигаш Горник Лечна.

Се вчитува...