Ашковски подготвен за дебито за ерменски Алашкерт! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во ерменскиот суперлигаш Алашкерт.

31-годишниот Ашковски ја комплетираше документацијата за заокружување на трансферот, па на 23. февруари го очекува своето официјално деби за Алашкерт во новата сезона од првенството на Ерменија.

Македонскиот фудбалери изминативе денови ги одработи и првите тренинзи со својата нова екипа, подготвувавајќи за новиот предизвик пред себе. Алашкерт минатата сезона заврши на петтото место во шампионатот на Ерменија, а оваа сезона е со амбиции за европски излез.

Ашковски претходно во својата кариера настапуваше и за Телеоптик, Партизан, Напредак Крушевац и Нови Пазар во Србија, како и за норвешки Штромгосед, холандска Фортуна Ситард, полската Горник Лечна, романските Ботошани и Сепси, но и за екипата на Шкендија во македонскиот шампионат.

Се вчитува...