Ашковски потпиша за романски Ботошани

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во романскиот прволигаш Ботошани.

По една сезона мината во редовите на Славија Софија, 27-годишниот Ашковски ја менува фудбалската средина сега потпишувајќи двегодишен договор со Ботошани.

Претходно во својата кариера Ашковски бил дел и од тетовска Шкендија, белградски Партизан, Горник Лечна во Полска, турски Ерчијеспор како и холандска Фортуна Ситард.

Се вчитува...