Ашковски со Фортуна се избори за Прва лига во Холандија, нов гол на Махмудов

Стефан Ашковски со Фортуна ситард од следната сезона ќе игра во Првата лига на Холандија.

Ашковски денеска го одигра второто полувреме за Фортуна ситард која со победата против вториот тим на ПСВ од 1-0 обезбеди директно место во Првата холандска лига следната сезона. Со оглед на тоа што првопласираниот Ајакс 2 не може да има место во елитното друштво, според правилникот за натпревари во Холандија, Фортуна ситард, како второпласиран, е тимот кој од следната сезона ќе игра во Првата лига. Фортуна ситард по цели 16 години повторно се враќа во најсилната холандска лига.

Македонскиот интернационелец Денис Махмудов, пак, сезоната ја заокружи со нов гол во дресот на Дордрехт, кој ќе игра во плеј-оф разигрувањето.

Махмудов повторно погоди, постигнувајќи го 15-от гол сезонава, во ремито (3-3) на Дордрехт против НЕЦ Најмиген во 38. коло. Македонскиот фудбалер погоди во 45. минута од средбата постигнувајќи го вториот погодок за Дордрехт на мечот.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...