Ашковски со гол ја потврди победата на Сепси со Динамо Букурешт (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски беше стрелец во финишот од средбата со Динамо Букурешт, и ја потврди победата од 1-3. Ашковски влезе во игра во 84. минута, и седум минути подоцна погоди во домашната мрежа. Откако ја зема топката од десната страна, мина еден противнички играч и стрелаше во горниот десен агол.

Ова се важни бодови за Сепси во битката за опстанок во лигата, а со овие три тимот има 36 бода и се наоѓа на 10. место на табелата.

За Ашковски ова беше втор гол сезонава во романскиот шампионат.

 

Се вчитува...