Ашковски стрелец, Ботошани го елиминираше Клуж во Купот на Романија… (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Стефан Ашковски беше стрелец за Ботошани во 1/16-финалето од Купот на Романија.

Ботошани го елиминираше Клуж од понатамошните натпревари во најмасовното клупско натпреварување на Романија по изведувањето на пеналите, откако во регуларниот дел мечот заврши без победник, 2-2. Ашковски беше стрелец на првиот гол за Ботошани во 37. минута, за водство од 1-0.

Клуж успеа да стигне до пресврт, но Ботошани израмни во 81. минута. Па, по изведувањето на пеналите домашните се пласираа во осминафиналето. Ашковски играше до 79. минута од средбата.

Ова е трет гол за Стефан Ашковски во дресот на Ботошани сезонава, откако претходно веќе два има и во шампионатот на Романија.

Се вчитува...