Ашковски удрен исто како во ситуацијата „Зидан – Матераци“ (ФОТО)

Во рамките на романскиот Куп на дуелот меѓу Универзитатеа и Сепси, имаше тензична ситуација во 86. минута, а настрада македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски.

Ашковски доби удар по градите од страна на Никушор Банку, кој ги загуби нервите и го удри Македонецот, по што доби црвен картон, а Ашковски доби жолт.

Очигледно нервозата на Банку беше поради слабото издание. Тој беше виновник за голот кој го примија, со кој неговиот тим загуби, и беше елиминиран. Сепси на крајот влезе во финалето, и ќе се бори за големиот пехар против Волунтари.

Се вчитува...