Ашраф Хакими пред потпис со Интер

Интер е на добар пат да излезе како победник од трката по Ашраф Хакими, откако италијанскиот гигант влезе во последна фаза од преговорите за ангажман на десниот бек на Борусија Дортмунд. Хакими на крајот од сезонава ќе се врати назад во Реал Мадрид, но јасно е дека Зинедин Зидан не смета сериозно на неговите услуги, давајќи му предност на Дани Карвахал.

Токму поради ова Ашраф инсистира што поскоро да си замине, а „нероаѕурите“ ја користат ситуацијата со позитивни разговори и со клубот и со фудбалерот. Тој прифатил петгодишен договор со Интер за плата од пет милиони евра по сезона, по што директорот Марота седнал на маса со челниците на Реал Мадрид. Двата клуба начелно се договориле сумата на трансферот да изнесува 40 милиони евра, а се разговара уште за динамиката на исплатата, пред трансферот да може да биде комплетиран. Конте отсекогаш инсистирал на тактика со офанзивни бекови, сезонава по десната страна стандарден е Кандрева, но поранешниот италијански селектор не е најзадоволен од настапите на екс-капитенот на Лацио.

Борусија Дортмунд веќе го пронајде наследникот на Ашраф за следната сезона, носејќи го белгискиот дефанзивец Томас Муние, кој доаѓа како слободен играч по истекот на договорот со ПСЖ.

Се вчитува...