Асистенција на годината – Николо Барела од Интер (видео)

Суперинтересно е и првото полувреме во Мадрид, каде Реал замина на одмор со водство од 2-1 против Интер. „Кралевите“ поведоа со 2-0 преку Бензема и Рамос, но најубавиот потег на мечот дефинитивно беше асистенцијата на Барела при голот на Лаутаро Мартинез за Интер.

Италијанскиот репрезентативец велемајсторски со пета го проигра во простор својот соиграч, а Аргентинецот немаше тешка задача да го матира Куртоа.

Се вчитува...