Малме ита кон нова шампионска титула во шампионатот на Шведска, откако во 26. коло славеше пресврт-победа од 2-3 на гостувањето против Сириус.
Македонскиот репрезентативец Ердал Ракип со асистенција партиципираше во триумфот на својот тим.
Во 76. минута од средбата, Ракип асистираше за Чолак за израмнување на резултатот на 2-2 во тие моменти.
MFF är tillbaka! Antonio Čolak nickar in 2-2
Se matchen på https://t.co/Nmw67Zlu4o pic.twitter.com/MJ5eY4Ns9u
— discovery+ sport 🇸🇪 (@dplus_sportSE) October 30, 2021
Потоа, во 93. минута Чолак со својот втор гол донесе триумф од 2-3 за Малме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА