Асот на Шалке нема да игра против Македонија

Селекторот на Австрија, Франко Фода, се соочи со првиот посериозен проблем во пресрет на дуелот со Македонија откако од комбинација за настап на саботниот натпревар отпадна Алесандро Шопф.

Асот на Шалке игра во одлична форма за тимот од Гелзенкирхен, заслужено се избори за враќање во националниот тим и беше најавуван како стартер за дуелот со нашата репрезентација. Сепак, Шопф заработи незгодна повреда на последниот дуел со Фортуна Дизелдорф, лекарите му наредија задолжително мирување, што значи дека тој ќе го пропушти мечот со Македонија, како и последниот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против селекцијата на Летонија.

На негово место селекторот Фода го повика дебитантот Рајнхолд Ранфтл од екипата на ЛАСК.

Се вчитува...