Аспиликуета останува на „Стемфорд бриџ“ до 2022 година

Шпанскиот интернационалец Цезар Аспиликуета ќе остане верен на Челси и во наредните четири години. Тој се договори за продолжување на соработката со клубот од „Стемфорд бриџ“ до 2022 година и ќе заработува по 150.000 фунти неделно.

Репрезентативецот на „црвената фурија“ пристигне во Челси во јуни 2012 година, и оттогаш е стандарден првотимец на лондонските „сини“. Аспиликуета е петтиот фудбалер со кој Челси го обнови договорот од почетокот на оваа сезона.

Се вчитува...