Астон Мартин и Ред Бул Ф1 ќе бидат партнери за следната натпреварувачка сезона

Автомобилскиот производител „Астон Мартин“ ќе биде партнер на Ред бул формула 1 тимот за следната сезона, па за следната сезона овој тим ќе се вика „Астон Мартин ред бул рејсинг“. Британската компанија за спортски возила се наметнува како конкурент на ривалите Ферари и Мекларен.

„Ова партнерство е логичен чекор за нашето иновативно соединување со Ред бул  рејсинг“, вели претседателот на Астон Мастин, Енди Палмер.

Оваа компанија се врати во Формула 1 натпреварувањето како спонзор во 2016 година, нивната реклама беше присутна на болидите на Макс Верстапен и Даниел Рикиардо, а од следната сезона брендот ќе биде уште позабележлив .

Ја зајакнавме нашата врска така што ќе бидеме заеднички партнери во иднина кои ќе конкурираат на најдобрите во првенството“, посочи власникот на Ред бул тимот, Кристијан Хорнер.

Се вчитува...