Астон Вила е новиот освојувач на трофејот во Лигата на Европа откако англискиот премиерлигаш во вечерашното финале во Истанбул славеше над Фрајбург со резултат 3-0. Со овој триумф продолжи и доминацијата на Унаи Емери како најтрофеен стратег во историјата на ова натпреварување.
За шпанскиот стручњак ова беше шесто финале со четири различни клубови, при што Емери стигна до петтиот трофеј во Лигата на Европа (освои три во низа со Севилја во 2014, 2015 и во 2016, а потоа и еден со Вилјареал во 2021 година).
Шпанецот знаеше како да го подготви својот тим за ова финале, Вила трпеливо ја чекаше својата шанса, а потоа постигна два брзи гола пред самиот крај на првото полувреме. Првиот – ремек дело од волеј на Тилеманс по центаршутот на Морган Роџерс, а вториот, уште поубав еврогол од дваесетина метри на Буендиа, буквално во последната секунда од првото полувреме.
Германците мораа да се отворат, а Вила го искористи тоа постигнувајќи и трет гол, дело на Роџерс по додавањето на Буендиа во 58. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
