Астон Вила со џиновска победа над Арсенал

Астон Вила триумфираше над Арсенал со минимални 1-0, стигнувајќи до џиновски три бода во битката за опстанок во Премиер-лигата. „Топчиите“ во своите последни две средби ги совладаа Ливерпул и Манчестер Сити, но овојпат немаа среќа серијата да ја продолжат и на дуелот на „Вила Парк“.

Египќанецот Трезеге повторно се покажа како херој на Астон Вила, постигнувајќи го единствениот гол со извонреден удар по еден корнер на домашниот тим во 27. минута. Арсенал најубавата шанса за израмнување не ја искористи во второто полувреме, кога ударот со глава на Нкетиа заврши само во дирекот и му се врати в раце на голманот Пепе Реина.

Астон Вила со овој триумф се искачи на 17. место кое значи опстанок, со ист број бодови и само еден гол подобра гол-разлика од Ватфорд на 18. позиција. Во последното коло Астон Вила му гостува на Вест Хем, додека Ватфорд го очекува лондонска пресметка на „Емирати“ против Лондон.

Се вчитува...