Астон Вила моментно се наоѓа на делба на второто место во Премиер-лигата, а Унаи Емери доби две значајни засилувања со кои ќе се обиде до самиот крај на сезоната да остане во трката за титулата.
Поранешниот англиски репрезентативец Теми Абрахам е нов член на Астон Вила откако вечерва го комплетираше трансферот од редовите на Бешикташ. Интересно, тој настапуваше за Бешикташ на позајмица од Рома, но турскиот клуб најпрвин ја активираше клаузулата за откуп за 12 милиони евра, по што 24 часа подоцна го продаде голгетерот во Премиер-лигата за сума од 20 милиони евра.
Заедно со Абрахам на „Вила Парк“ пристигна и поранешниот капитен на Астон Вила, Бразилецот Даглас Луиз. Одличниот играч за врска имаше одлични сезони во дресот на Вила, но потоа не се снајде во Јувентус. Тој го мина првиот дел од сезонава на позајмица во Нотингем Форест, не доби шанса ниту во таборот на „шумарите“, по што беше постигнат договор за раскин на таа позајмица и негово враќање назад на „Вила Парк“.
Астон Вила во следното колo oд Премиер-лигата ќе го пречека тимот на Брентфорд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

