Астон Вила врза 10 победи по ред, а Емери песимист: „Не сме кандидати за титулата“

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, имаше причина за славење по победата од 2-1 над Манчестер Јунајтед . Тимот од Бирмингем освои уште еден голем скалп оваа сезона и се етаблираше меѓу првите три, дури и меѓу претендентите за титулата.

Сепак, Шпанецот вели дека неговиот тим не е кандидат за титулата во Премиерлигата, и покрај тоа што Астон Вила ги победи и Арсенал и Сити.

„Реалноста е одредена од капацитетот и потенцијалот. Игравме против тимови како Арсенал и Сити и ги победивме тука, но тие имаат огромни тактички ресурси и играчи на највисоко ниво. И ние имаме квалитети, но реалноста е дека сè уште не сме конкурент кој стои рамо до рамо со нив. Ние не сме конкуренти. Тука сме затоа што се натпреваруваме фантастично. Сакаме да го одржиме ова ниво така што ќе бидеме интелигентни, конкурентни и бараме многу. Само преку овие квалитети можеме да продолжиме напред“, рече Емери и додаде:

„Многу сум среќен. Нашите навивачи треба да бидат горди на се што направивме заедно, затоа што енергијата е многу важна. Начинот на кој ја пренесуваат таа енергија и ни помагаат да го чувствуваме нашиот стадион како тврдина. Понекогаш не можеме да доминираме и мораме да се браниме, но мораме да бидеме горди и да бидеме реални“, вели Емери.

Се вчитува...