Астрономски бонуси за Тевез во Кина – на платата и плус уште 4 милиони фунти годишно!

Во последните два преодни рока кинеската Супер лига докажа дека во тој дел од светот не се штеди кога е во прашање доведувањето на големите светски ѕвезди.

Па така, Карлос Тевез во Шангај Шенхуа заработува неверојатни 634 илјади фунти неделно, понуда која никако не можеше да ја одбие. Сепак, тоа не е се…

И покрај огромната плата, сумата која Тевез реално може да ја заработи на годишно ниво е вртоглава. Освен од платата, 17,6 милиони фунти, на годишно ниво Аргентинецот може да инкасира и уште плус околу четири милиони фунти…

Тевез ќе добие дополнителни 788.000 фунти ако биде стартер на најмалку 70% од натпреварите, плус и 390.000 фунти ако биде прв стрелец на тимот, а уште 390.000 фунти ако тимот го освои Купот. Уште и 788.000 фунти ако се освои шампионатот, а 1,56 милиони фунти ако се освои трофејот во азиската Лига на шампиони.

Се вчитува...