Аталанта ќе игра во ЛШ на „Сан Сиро“?

Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала истакна дека нема ништо против идејата Аталанта домашните натпревари во Лигата на шампионите да ги игра на „Сан Сиро“.

„Согласен сум со предлогот, но последната одлука мора да ја донесат миланските клубови. Верувам дека и тие немаат ништо против. Ако дојде до тоа, нема сомнеж дека ќе присуствувам на натпреварите на Аталанта“, изјави Сала. 

Клубот од Бергамо дефинитивно домашните натпрери нема да ги игра на својот стадион, бидејќи „Атлети Азури Д’Италија“ не ги исполнува условите за европски натпреварувања. Поради тоа минатата сезона Аталанта домашните натпревари во Лигата на Европа ги играше во Реџо Емилија, меѓутоа сега се појави опција тие да играат на „Сан Сиро“ бидејќи Милано е поблизу до Бергамо од Реџо Емилија.

Се вчитува...