Аталанта двапати губеше, па на крај дојде до триумф во Џенова (ВИДЕО)

Екипата на Аталанта дојде до победа во претпоследното коло во Серија „А“ против Џенова, откако вечерва успеа да направи пресврт и да стигне до трите бода. И покрај тоа што двапати имаше негатива, сепак, на крајот тимот од Бергамо стигна до победа од 2-3.

Пинамонти ја донесе Џенова во предност во 37. минута. На стартот од вториот дел Сулемана успеа да однесе израмнување. Нова предност за Џенова донесе Пинамонти во 58. минута.

Даниеле Малдини само пет минути подоцна успеа и по вторпат да израмни, а на една минута пред крајот на регуларниот дел Ретеги донесе триумф за Аталанта која од претходно го имаше обезбедено учеството во Лигата на шампионите.

Се вчитува...