Аталанта е чекор поблиску до ЛШ

Аталанта остана на второто место на табелата кое води во Лигата на Шампионите во следната сезона откако тимот од Бергамо лесно и убедливо славеше на гостувањето против Парма со 2-5.

Парма веќе ги загуби сите шанси за опстанок, а Аталанта знаеше како да ја искористи немотивираноста на домашниот тим за да стигне до убедлива победа. Mалиновски со прецизен удар од 20 метри ја отвори серијата голови, по што уште пет погодоци беа постигнати во второто полувреме. Песина и Муриел донесоа водство на Аталанта од 0-3, Парма за момент намали, но Муриел со својот втор гол ја врати убедливата предност на гостите. Сом во 88. минута намали на 2-4, а конечните 2-5 ги постави Миранчук во 93. минута.

Верона и Торино ремизираа 1-1, гостите поведоа во 85. минута преку Војвода, а три минути подоцна Верона спаси бод благодарене на голот на Ди Марко.

Калјари во директната битка за опстанок го совлада на гостински терен Беневенто со 1-3, благодарение на головите на Ликојанис,  Паволети и на Жоао Педро, со што тимот од Сардинија значително си ги зголеми шансите за и следната сезона да биде дел од елитното италијанско фудбалско друштво.

Се вчитува...