Аталанта го избрка Шкртел само дваесетина дена откако дојде во клубот

Италијанскиот калчолигаш Аталанта го доведе Мартин Шкртел како сериозно засилување за дебитантското учество во Лигата на шампионите, но „љубовта“ траеше само дваесетина дена. Три седмици откако потпиша едногодишен договор, словачкиот ветеран си заминува од клубот. Тој имал голема расправија со тренерот Џампјеро Гасперини и синоќа си заминал од базата на Аталанта.

Како што информираат италијанските медиуми, раководството на Аталанта експресно одлучило да го раскине договорот со Шкртел кој се однесувал непрофесионално кон стручниот штаб и луѓето во клубот.

Аталанта првпат во клупската историја ќе биде дел од групите во Лигата на шампионите, а за противници го има Манчестер Сити, Шахтјор Доњецк и Динамо Загреб.

Се вчитува...