Аталанта го совлада „фенерџијата“ Каљари

Аталанта забележа победа во 12. коло во Серија „А“ вечерва совладувајќи го тимот на Каљари со 2:1 на гостински терен. Со тоа Аталанта се зацврсти на четвртата позиција на табелата, остварувајќи ја шестата победа во сезоната.

Пашалиќ во 6. минута донесе водство за гостите, а Жоао Педро успеа да израмни по асистенција на Годин. Запата во 43. минута донесе нова предност за Аталанта, што беше на крај и конечен резултат.

Аталанта имаше дури 21 шут кон голот на Каљари, додека домашните само еден. Каљари е „закован“ на дното на табелата со шест бодови (една победа и едно реми).

Се вчитува...