Аталанта и го нанесе првиот пораз на Рома

Рома го доживеа првиот пораз во новата сезона во Серија А. „Волчицата“ загуби на домашен терен од Аталанта со 0-2. Дуван Запата во 71.минута беше стрелец на првиот гол за гостите на овој дуел, а победата ја запечати Мартен де Рон во 90.минута.

Римскиот состав беше подобар противник, но реализацијата затаи, а Аталанта знаеше тоа да го искористи и ги освои трите бода. По овој триумф, Аталанта се искачи на третата позиција со 10 освоени бода.

Се вчитува...