Аталанта и официјално се засили со дефанзивецот на Јувентус, Ромеро

Дефанзивецот на Јувентус, Кристијан Ромеро и официјално ново засилување на Аталанта.

Аргентинскиот стопер во Аталанта доаѓа на двегодишна позајмица со можност за откуп на договорот од Јувентус за 18 милиони евра со бонуси.

Тимот од Торино, 22-годишниот Ромеро го купи од Џенова за 26 милиони евра минатото лето, но го остави во овој клуб како би продолжил со развојниот фудбалски процес.

Сепак, се чини дека Јувентус не смета сериозно на Ромеро, барем не во блиска иднина. Изминатиов период се поврзуваше и со Рома и Арсенал, но заврши во Аталанта.

Се вчитува...