Аталанта ја „наполни“ Специја (ВИДЕО)

Аталанта славеше против Специја со убедливи 5-1 во натпревар од 13. коло во италијанската Серија А. Гостите подобро го отворија мечот и поведоа со голот на Нзола во 11. минута, но тоа само ги налути играчите на тимот од Бергамо.

До крајот на првото полувреме домаќините постигнаа три гола преку Пашалиќ на два пати и Запата една и веќе имаа комотно водство од 3-1. Во вториот дел Муриел и Малиновски ги зголемија на 5-1, додека конечните 5-2 ги постави Нзола со својот втор гол во 91. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...