Аталанта ќе игра финале со Лацио во Купот на Италија

Аталанта си закажа финале со Лацио во Купот на Италија, откако во реванш пресметката против Фиорентина славеше пред своите навивачи со 2-1.

По оние први 3-3 од Фиренца, Аталанта сега стигна до посакуваниот триумф благодарение на Гомез во 61. минута од средбата кој донесе триумф од 2-1. Претходно, Муриел уште во 3. минута ја доведе Фиорентина до водство од 0-1 а израмни Иличиќ од пенал во 14. минута.

Финалето меѓу Аталанта и Лацио е закажано за 15. мај.

Се вчитува...