Аталанта купува напаѓач од Русија

Италијанскиот калчолигаш Аталанта пронајде ново засилување во Русија. Тимот од Бергамо ќе се засили со напаѓачот на Локомотив Москва, Алексеј Миранчук. Тој ќе потпише тригодишен договор и треба да биде замена за Дуван Запата, за кого се интересираат неколку големи европски клубови, а најблиску е до трансфер во Јувентус.

Аталанта ќе исплати отштета од 14,5 милиони евра на Локомотив Москва, а напаѓачот ќе заработува околу 4 милиони евра по сезона.

Миранчук е руски репрезентативец и на 25 настапи за „зборнаја“ има постигнато пет погодоци.

 

 

Се вчитува...