Аталанта не запира со атомскиот фудбал

Аталанта лесно и убедливо славеше на домашен терен над Калјари со 5-2, продолжувајќи ја серијата импресивни игри од стартот на новата калчолигашка сезона. Откако во првите две кола им дадоа по четири гола на Торино и на Лацио, избраниците на Гасперини овојпат одиграа уште поимпресивно, со „петарда“ испраќајќи ги дома гостите од Сардинија.

Муриел ја отвори серијата голови во Бергамо, а на 1-1 израмни Диего Годин, кој со гол го одбележа своето деби во дресот на Калјари. Сепак, победникот беше решен уште до крајот на полувремето, бидејќи Аталанта постигна уште три погодоци, преку Папу Гомез, Пашалиќ и Запата.

Жоао Педро на почетокот од второто полувреме намали на 4-2, пред конечните 5-2 да ги постави Ламерс на асистенција на Пашалиќ.

Се вчитува...