Аталанта почна преговори за Несторовски

Заминувањето на Илија Несторовски од Палермо повторно е актуелно откако Аталанта искажа сериозен интерес за да го доведе македонскиот ас во своите редови. Македонецот пред десетина дена беше интензивно поврзуван со Болоња, но тие преговори не вродија со плод, па сега Аталанта се обидува да ја искористи ситуацијата и да го доведе Несторовски во своите редови.

Клубот од Бергамо е во потрага по нов голгетер, а тренерот Пелегрини верува дека асот на Палермо може да одговори на неговите барања. Во прилог оди и падот на цената на Несторовски, кој во јануари беше проценуван на 15 милиони евра, a сега е достапен за двојно пониска сума.

Покрај Несторовски, заминување од Палермо е најавено и за вториот Македонец, Александар Трајковски, за кого интерес покажаа неколку клубови од Белгија и Холандија.

Се вчитува...