Аталанта преку Удинезе до позиција за ЛШ

Аталанта го совлада Удинезе на домашен терен со 2-0 и се искачи на четвртата позиција на табелата во Серија А, која води во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо сега има еден бод предност пред петтопласираната Рома и три бода повеќе од Торино и од Милан, на четири кола до крајот на шампионатот.

Аталанта дојде до триумф во финишот од мечот. Мартин де Рон во 81.минута од натпреварот го постигна водечкиот гол од пенал, а четири минути подоцна триумфот го потврди Марио Пашалиќ.

Се вчитува...