Аталанта продолжува да сонува за ЛШ, пред четата на Гасперини падна и Лацио (ВИДЕО)

Аталанта го совлада Лацио нагости со 1-3 и се доближи чекор поблиску до обезбедување пласман во Лигата на шампионите. Мечот почна лошо за избраниците на Гасперини, бидејќи домаќините поведоа во 3. минутата со голот на Марко Пароло. Сепак, во продолжението успеаја да ги консолидираат редовите, а Дуван Запат донесе израмнување во 22. минута. До водство од 1-2 тимот од „Бергамо“ стигна со голот на Тимоти Кастањ во 58. минута, а конечните 1-3 ги постави Берат Џимсити во 76. минута.

Аталанта останува на четвртата позиција на табелата со 62 бода, четири повеќе од петтопласираната Рома, која својот меч од 35. коло против Џенова на нашиот Горан Пандев го игра денеска со почеток во 18 часот.

Во останатите два меча од понудата во 15 часот, Парма – Сампдорија 3-3 и Сасуоло – Фросиноне 2-2.

Се вчитува...