Лацио со извонреден камбек во второто полувреме успеа да остане непоразен на натпреварот со Аталанта, ремизирајќи 3-3 иако гостите по првите 45 минути игра имаа водство од преубедливи 0-3. Тимот од Бергамо беше на чекор до голема гостинска победа со која ќе се израмнеше со Јувентус на врвот на табелата, но големиот пад на концентрацијата скапо ги чинеше избраниците на тренерот Гасперини.
Дури и без најдобриот стрелец Запата нападот на Аталанта функционираше беспрекорно. Најзаслужен беше Бразилецот Муриел, кој ги постигна првите два гола на мечот, пред Папу Гомез да зголеми на 0-3 на огромно разочарување на домашните навивачи.
Сепак, римјаните немаа намера да се откажат, потврдувајќи го тоа со извонредното издание во вторите 45 минути. Имобиле од пенал намали на 1-2 во 69. минута, а шеесетина секунди подоцна Кореа ја затресе мрежата на Аталанта и најави суперинтересен финиш. Гостите се бранеа се до судиското продолжение, кога почетнички направија уште еден пенал, што Имобиле го претвори во израмнувачки 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА