Аталанта се снајде, Кјаер ќе ја засили одбраната

Италијанскиот калчолигаш Аталанта брзо успеа да најде замена за Мартин Шкртел, кој по само дваесетина дена во клубот доби отказ во Бергамо. Раководството на Аталанта го ангажира Симон Кјаер, кој доаѓа како позајмен играч од Севилја за претстојната сезона. Тој во минатото настапуваше за Рома и за Палермо во Серија А и ќе биде големо засилување за одбраната.

Аталанта оваа сезона ќе го има првиот историски настап во Лигата на шампионите.

Се вчитува...