Аталанта со „петарда“ за Болоња (ВИДЕО)

Аталанта стигна до убедлива победа над Болоња од 5-0 во натпревар од 33. коло во Серија А. Домаќините поведоа со голот на Малиновски во 22. минута, а до крајот на првиот дел на 2-0 зголеми Муриел во 44.

На стартот на вториот дел фудбалерот на гостите Шутен доби директен црвен картон, по што следеше целосен распад на фудбалерите на Болоња. Прво Фројлер зголеми на 3-0 во 57, а само две минути со голот на Запата веќе беше 4-0. Конечните 5-0 ги постави Миранчук во 73. минута.

 

 

Се вчитува...