Аталанта со пресврт го освои Неапол и се наметнува во битката за ЛШ

Аталанта успеа да го совлада Наполи на гости со 1-2, правејќи комплетен пресврт во второто полувреме, во последниот меч од 33.коло во Серија А. Со овој триумф, гостинскиот тим се искачи на петтата позиција со 56 бода, идентично како и четвртопласираниот Милан, кој е на местото кое води во Лигата на шампионите.

Дрис Мертенс донесе водство за Наполи во 28.минута, но Аталанта имаше одлични мигови во вториот дел. Дуван Запата израмни во 69.минута, а Марио Пашалиќ го постигна победничкиот гол за Аталанта во 80.минута од натпреварот.

Наполи се наоѓа на втората позиција на табелата во Серија А со 67 освоени бода.

Се вчитува...